Почетна Убавина и здравјеДетално објаснил зошто колешката му станала љубовница – Убавина и здравје

Детално објаснил зошто колешката му станала љубовница – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Овој маж, кој ги оставил жената и детето поради љубовницата, открил зошто го направил тоа

Неверствата се сè почести, а причините за нив сè побројни. Овој маж, кој отворено признал дека ја изневерил сопругата со колешката, а потоа ги напуштил неа и синот за љубовницата, искрено открил зошто се впуштил во сето тоа.

Шон постепено ја започнал својата афера. Како последица од притисокот на работа, почнал да ѝ се доверува на колешката, која не знаела многу за неговиот приватен живот, дури ни тоа дека има сопруга и дете.

На почетокот, полесно му било да разговара со некој што не е неговата сопруга, бидејќи не сакал дополнително да го оптоварува своето семејство со проблемите на работа. Но набрзо, пријателството прераснало во афера, која траела повеќе од една година, додека сопругата ја открила вистината.

Во разговор за веб-сајтот YourTango, Шон ги објаснил причините поради кои ја изневерил сопругата, зошто го напуштил своето семејство и дали би направил нешто поинаку кога би можел.

Како започна аферата?

„Бев под голем стрес на работа. Не сакав да ја оптоварувам сопругата со тоа, бидејќи ситуацијата беше многу напната. Почнав да ѝ се доверувам на колешката. На почетокот, тоа беа само пријателски разговори, но набрзо тие се претворија во нешто повеќе.“

Дали веднаш ѝ ја призна аферата на сопругата?

„Не. Искрено, не ни планирав да започнам афера, а камоли да ја напуштам сопругата. Некако сè излезе надвор од контрола со текот на времето. И двете врски ги одржував подолго време.“

Колку долго траеше аферата?

„Повеќе од една година.“


Поврзани објави

Дали аферата сè уште трае?

„Сопругата дозна по повеќе од една година. Кога си замина, ја продолжив врската со колешката.“

Што ти минуваше низ главата кога врската со колешката стана посериозна?

„Чувствував внатрешен конфликт. Од една страна, имав некој со кого можев да разговарам за работата и проблемите, без да ја преоптоварувам мојата партнерка. На некој начин, чувствував олеснување што имав човек со кого можам да разговарам, а не ја вознемирувам сопругата.“

Дали колешката знаеше дека имаш партнерка?

„Не. На почетокот не знаеше.“

Како дозна?

„Кога мојата сопруга ја откри аферата, ја контактира колешката и ѝ раскажа сè.“

Како сопругата ја откри аферата?

„Го криев бројот на колешката под друго име во телефонот. Една вечер, додека спиев, сопругата ми го прегледала телефонот и видела дека често разговарам со истиот број. Го свртела и тогаш ја открила вистината.“

ФОТО: Guenifi Ouassim / Unsplash