Почетна Убавина и здравјеЕве колкава алиментација ќе плаќа Ал Пачино за издржување на синот што го доби со 54 години помладата девојка

Еве колкава алиментација ќе плаќа Ал Пачино за издржување на синот што го доби со 54 години помладата девојка

од nenad
1 минути читај за

Бројката изненади многумина


Славниот актер во 83-та година го доби синот Роман со 54 години помладата Нур Алфалах со која постигна договор околу старателството над детето, според кој е одредено колку пари месечно ќе издвојува за најмалдиот наследник.

Месечниот износ е 30.000 долари, а оваа бројка би можела да се зголеми според неговата годишна заработка. Судските документи открија дека Ал Пачино и Нур Алфалах, кои во јуни го добија синот Роман, постигнале договор за ова важно прашање.

Ал Пачино ќе плаќа 110.000 долари однапред и договорени 30.000 долари месечно како основна детска поддршка. Тој, исто така, ќе треба да уплаќа 15.000 долари годишно во образовниот фонд на детето и би можел да плати дополнителни 90.000 долари на крајот на годината, во зависност од приходот.


Поврзани објави

Актерот ќе плаќа и 13.000 долари месечно за медицинска сестра која ќе помага со бебето во текот на ноќта, а ќе ги покрие и сите медицински трошоци кои не се покриени со осигурувањето.

Двајцата имаат законско старателство над синот, Нур доби примарно физичко старателство, а актерот има право да го гледа момчето кога ќе посака. Двајцата родители заедно ќе одлучат како Роман ќе ги помине празниците, двајцата ќе одлучуваат за неговото школување и присуство на воннаставни активности, пишува TMZ.