Анѓелка Прпиќ во јавноста стана позната кога ја водеше емисијата „48 часа свадба“, а неодамна откри дека колегите не ја поддржале во тој потфат.
Поврзани објави
„Ја правев емисијата „48 часа свадба“, и тоа го правев едно лето. Сите мои колеги кои ме советуваа и ми посакуваа добро, беа против тоа. Ми рекоа да не прифаќам, дека не ми треба и е „ѓубре“. Меѓутоа јас сум од Пожаревац, потточно едно село блиску до Пожаревац. Мене тој наш менталитет ми е во ДНК, начинот на кој славиме свадби, обичаи, музика под шатор, играње ора. Не би имала никаде на друго место да го покажам тоа, а знам да играм оро“ – изјавила неодамна Анѓелка за локалните медиуми, а потоа додала:
„Знам Моравац, Влашко, Ужичко, се. Влашкото оро е сериозно кардио. На тие свадби на кои бев како мала, бидејќи практично пораснав под шатор, сите мои слики од детството со мама и тато ми се под шаторот. Секогаш ги прашував: „Дали сте ме носеле на друго место, за што се работи?“. Татко ми ме однесе и на Маракана, тоа се некои од спомените што ги носам, а да не зборувам за траумата.“