Пејачот се соочи со компликации по претходната интервенција и сподели искрена исповед за борбата со килограмите.
Пејачот Слоба Васиќ повторно мораше да оди на операција на желудникот поради проблеми со вишокот килограми. Иако претходно имаше поставено балон во желудникот, компликациите го принудија да го отстрани и да бара ново решение за здравјето.
Слоба долго време се бори со прекумерна тежина, а покрај редовните тренинзи и здрава исхрана, повторно почнал да се здебелува. Поради болките во коските и тешкотиите при стоење, единствената опција му останала операцијата, која ја направи пред шест дена во Турција.
До вчера јадев толку многу што не можам ни да објаснам. Јадев и јадев и ми беше лошо, затоа морав на операција. Сега, шести ден не сум вкусил храна и веќе чувствувам разлика. Се чудам сам на себе, но и малата супа ме прави среќен“, изјави Слоба Васиќ преку својот Инстаграм профил.
Поврзани објави
Пејачот додава дека сега сфаќа колку здравјето е важно и дека во овие моменти му е потребна поддршка.
Бев на работ да го нарушам здравјето, но сега сфаќам колку е важно да се внимава на телото“, заклучи тој.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda