Почетна ЕкономијаМишко Ралев нов член на тимот на Орце Ѓорѓиевски

Мишко Ралев нов член на тимот на Орце Ѓорѓиевски

од nenad
1 минути читај за

Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за прв човек на Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, преку својот Фејсбук профил соопшти дека архитектот и професор Мишко Ралев се приклучува кон неговиот тим.

„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје.“ – напиша Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека: „Со своето обемно искуство, визија и интегритет, тој претставува цврста поткрепа и уште поголем поттик за нас.“

Ѓорѓиевски потенцираше дека академската заедница и научно-истражувачката работа на признатите професори секогаш ќе имаат пристап и заслужено место во неговата визија за прогресивно и модерно Скопје. „Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина“ – заклучи Ѓорѓиевски.

Мишко Ралев е актуелен декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Во минатото, за време на лидерството на Димитар Ковачевски, тој беше дел од Извршниот одбор на СДСМ. Пред извесно време, Ралев беше споменуван како потенцијален кандидат за градоначалник на Скопје од страна на СДСМ.

дма/вј/Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски.