Почетна МакедонијаМисајловски: Со САД продолжуваме да го продлабочуваме стратешкото партнерство

Мисајловски: Со САД продолжуваме да го продлабочуваме стратешкото партнерство

од nenad
1 минути читај за

Foto: Facebook/Vlado Misajlovski

Денеска во Министерството за одбрана остварив средба со советникот за политички и економски прашања во Амбасадата на САД во Македонија, Бредли Гарднер, одбранбеното аташе на САД, потполковник Ендрју К. Шили, и политичко-воениот офицер Кристијан Доршнер, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Како што наведува Мисајловски, на средбата разговарале за актуелните прашања во областа на одбраната, унапредувањето на билатералната соработка и натамошното продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД.

„Посебен акцент ставивме на модернизацијата на Армијата, зајакнувањето на одбранбените капацитети, интероперабилноста и сајбер-одбраната, како и на нашето активно учество во НАТО-мисиите и вежбите“, пишува министерот.

Мисајловски посочува дека САД се значаен и долгогодишен стратешки партнер на Македонија, додавајќи дека двете земји продолжуваат заеднички да работат на, како што наведува, „силна, модерна и подготвена Армија“.


Post Views: 61