Почетна ЕкономијаСкопје ќе добие над 3.300 нови контејнери, најавена и нова механизација за комуналната хигиена

Скопје ќе добие над 3.300 нови контејнери, најавена и нова механизација за комуналната хигиена

од nenad
1 минути читај за

Сериозна обнова на системот за одржување на комуналната хигиена во Скопје најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој посочи дека покрај новите возила за ЈП „Комунална хигиена“, во градот ќе бидат поставени и повеќе од 3.300 нови контејнери.

Во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа, Ѓорѓиевски информираше дека постапката поврзана со набавката се наоѓа пред самиот крај. По завршувањето на жалбената процедура, се очекува да започне испораката и распоредувањето на контејнерите на различни локации низ Скопје.

Според градоначалникот, подобрувањето на условите за работа на „Комунална хигиена“ преку обновување на возниот парк, заедно со зголемувањето и модернизацијата на бројот на контејнери, треба да овозможи поефикасно собирање и управување со отпадот.

Ѓорѓиевски смета дека токму овие две инвестиции се клучни за надминување на проблемите со комуналниот отпад со кои градот се соочува подолг период.

„Со новата механизација и со повеќе од 3.300 нови контејнери создаваме функционален и одржлив систем за одржување на комуналната хигиена. Скопје мора и ќе биде чист град“, порача градоначалникот.