Почетна ТехнологијаМинистерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Скопско, следува соодветна пријава

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Скопско, следува соодветна пријава

од nenad
1 минути читај за




На 24.01.2025 во 22.15 часот во с.Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од с.Трубарево, скопско.

Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21.00 часот со употреба на сила влегол во дворно место на Љ.П.(63) од с.Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн. Кај него биле пронајдени одземените делови и биле вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.