Почетна БалканМинистерството за образование на Грција бара онлајн испити на факултетите што се затоврени поради реакциите на студентите

Министерството за образование на Грција бара онлајн испити на факултетите што се затоврени поради реакциите на студентите

од nenad
1 минути читај за
Министерството за образование на Грција бара онлајн испити на факултетите што се затоврени поради реакциите на студентите

Со цел студентите да не го загубат семестарот на факултетите што моментално се затворени поради реакциите против владиниот предлог-закон за приватни високообразовни институции, министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис преку циркуларно писмо појаснува дека испитите може да се спроведат онлајн, јави дописничката на МИА од Атина.

Пиеракакис, преку дописот побарал од ректорите в понеделник да одржат вонреден состанок за образовниот процес на универзитетите што е во прекин.

Откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека во земјата ќе се отворат приватни факултети, студентите одговорија со протести и опсади, со што над три седмици нема предавања, а факултетите се затворени.

Извор : Kurir.mk

Министерството за образование на Грција бара онлајн испити на факултетите што се затоврени поради реакциите на студентите