Почетна ЕкономијаМинистерката за земјоделство на Франција изјави дека заканите на Трамп со царини за увозот на француско вино и шампањ се недозволиви и брутални

Министерката за земјоделство на Франција изјави дека заканите на Трамп со царини за увозот на француско вино и шампањ се недозволиви и брутални

од nenad
1 минути читај за

Министерката за земјоделство на Франција, Ани Женевар, денеска остро ги осуди заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, за воведување царини од 200 отсто на увозот на француски вина и шампањ, опишувајќи ги како „недозволиви и невидено брутални“.

Таа нагласи дека таквите мерки би имале разорен ефект врз индустрија која веќе се бори со значителни предизвици. „Заканата во овој момент е апсолутно неприфатлива, со невидена суровост и очигледно не може да помине без одговор – не само од страна на Франција, туку и од целиот блок на Европската Унија“, изјави Женевар во разговор за телевизијата ТФ1.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп најави намера да воведе 200% царини за француски вина и шампањи. Оваа најава е дел од поширок пакет на мерки насочени кон европските земји кои се спротивставуваат на неговиот план во врска со Гренланд.

На прашање од новинар во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се вклучи во Одборот за мир, Трамп одговори: „Дали го кажа тоа? Па, никој не го сака бидејќи многу наскоро нема да биде на функцијата“.

Трамп додаде: „Ќе воведам царини од 200 проценти за француските вина и шампањи, а Макрон ќе се приклучи на Одборот за мир“.

Макрон вчера изјави дека Франција „во оваа фаза нема намера позитивно да одговори“ на понудата за учество во споменатиот мировен одбор.