Почетна ЕкономијаГАШИ НА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД МАНДАТОТ:  СОБРАНИЕТО НЕ Е ХРАМ НА ВЛАСТА, ТУКУ ДОМ ЗА СИТЕ 

ГАШИ НА ПРВАТА ГОДИШНИНА ОД МАНДАТОТ:  СОБРАНИЕТО НЕ Е ХРАМ НА ВЛАСТА, ТУКУ ДОМ ЗА СИТЕ 

од nenad
3 минути читај за

Претседателот Африм Гаши го презентира пред новинарите Извештајот за првата година од мандатот, испраќајќи порака до граѓаните дека Собранието не е храм на власта, туку дом на секој граѓанин.Почнувајќи од 28 мај минатата година, кога беше избран на функцијата, претседателот Гаши во својата работа се води од шест стратешки столба:

   

–              Ефикасност и ефективност, така што Собранието за една година одржа 50 пленарни седници и 332 седници на комисии. Усвои околу 280 законски акти, што претставува околу 50% повеќе од годишниот просекво претходниот мандат, а само четири закони беа усвоени со ознака на ЕУ – знамето.

–              Транспарентноста и дигитализација, така што, со поддршка на  нашите партнери, пуштени во употреба три нови дигитални платформи: „Е-регистар“, „Прашај го Собранието“ и „Веб-платформа за канцеларии за контакт со граѓаните“.

–              Отчетност и надзор – одржани се седум седници со пратенички прашања од опозицијата – нова практика што ја зајакнува надзорнатаулога. Истотака, беа разгледани 12 интерпелации, наспроти 8 во текот на целиот претходен мандат. Во меѓувреме, беа одржани околу десет јавни дебати и две надзорни дебати, овозможувајќи директен фокус врз формалните механизми за институционална контрола.

–              Парламентарна дипломатија – реализирани се 14 официјални посети во најважните светски и европски престолнини. Исто така, во текот на оваа година, во Собранието се одржаа шест свечени приеми на шефови на држави и 178 официјални средби со делегации и амбасадори

–              Отвореност и пристап до работата на Собранието, така што во текот на една година е забележан најголемиот број посетители досега –  10.741 посетител. Отворени се 50 од вкупно планираните 75 канцеларии за контакт со граѓаните, а Собранието организираше и околу 63 јавни настани.

–              Подигнување на политичката култура, која претставува суштински и човечки принцип што треба да биде водилка во работата на пратениците за достоинствено претставување на граѓаните.

На прес-конференцијата, по повод годишнината од преземањето на функцијата. Претседателот Гаши истакна дека од првиот ден работи посветено на изградба на цврста комуникациска врска меѓу институцијата и народот.

„Оваа година не беше едноставна и лесна, но преземајќи го мандатот ја прифатив одговорноста и можноста да се реализира една јасна визија – создавање народно Собрание кое е отворено, транспарентно и ефикасно, секогаш во служба на граѓаните. Мој приоритет беше, секако, остварувањето на законодавната функција, преку редовно свикување на седници, воспоставување праведни и правични практики, вклучувајќи го и спречувањето на злоупотребата на ЕУ-знамето, како и координацијата и развојот на конструктивен дијалог со пратениците и институционалните актери со цел постигнување консензус во донесувањето одлуки“, истакна претседателот Гаши, Тој се осврна и на преземените активности во насока на зајакнување на парламентарната дипломатија и зголемување на влијанието на Собранието на меѓународната сцена, со цел да се позиционира како кредибилен партнер и да обезбеди поддршка за нашите европски аспирации.

Нагласи и дека транспарентноста и дигитализацијата се темелот на неговиот лидерски пристап, така што во текот на оваа година се лансирани три дигитални платформи, кои ја олеснуваат пристапноста до информациите и ја зголемуваат инклузивноста.

Зборувајќи за комуникацијата со медиумите и јавноста, Гаши посочи на бројните интервјуа, изјави, како и редовните средби со новинарите,  со цел работата на Собранието да биде што е можно повидлива и потранспарентна.

Претседателот на Собранието, во оваа прилика, освен до новинарите изрази благодарност и до сите пратеници, членовите на кабинетот, вработените во Службата на Собранието, како и до меѓународните партнери, кои, како што рече придонесоа во исполнување на визијата за пофункционално, потранспарентно и попочитувано Собрание – дома и во странство.

ЛИНК ДО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРВАТА ГОДИНА ОД МАНДАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, АФРИМ ГАШИ, MAJ 2024 – 2025 ГОДИНА:

https://www.sobranie.mk/content/izvestai/izveshtaj%20pretsedatel%20maj2024-maj2025.pdf