Почетна ЕкономијаЗа викендот променливо време со локален дожд

За викендот променливо време со локален дожд

од nenad
1 минути читај за

Периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд продолжува и за време на викендот. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо време со сончеви периоди.

Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 13 до 20 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка. бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА