Почетна Убавина и здравјеМИНА БЛАЖЕВ со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“ – Убавина и здравје

МИНА БЛАЖЕВ со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Со огромна почит кон македонското музичко наследство во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, ни пристигнува шестата преработка – темата „По друм одам мајче“ во топла и емотивна изведба на Мина Блажев.

Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро Николче Мицевски, добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското.

Секоја нота, секој збор од „По друм одам мајче“ нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови.


Поврзани објави

Проектот, зад кој стои Скендеровски продукција, веќе силно одекна со претходните изведби, односно досега имавме можност да уживаме во преработките – „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) и „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска). Сите тие, секоја на свој начин, ни ја враќаат Македонија во душата и нѐ потсетуваат дека музиката е јазикот на нашето национално паметење.

Како што велат и од тимот: „Целта ни е да ја обоиме Македонија со најубавите звуци – звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде низ светот.“ Овој проект е повик да се потсетиме зошто ја љубиме оваа земја – поради нејзините приказни, нејзините луѓе, нејзината песна, а токму таа, песната, нè спојува и кога сме далеку, нè теши кога зборовите молчат и одекнува низ генерации. „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува – со иста љубов, со исто срце. Уживајте во „По друм одам мајче“ и изведбата на Мина Блажев:

https://www.youtube.com/watch?v=V1MYsp7k11Q