Пејачката Милица Тодоровиќ повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со кратка, но многу директна порака на социјалните мрежи. Нејзините зборови отворија прашање за тоа кому денес му се дава медиумски простор и кој навистина заслужува статус на ѕвезда.
Позната по спонтаноста и по тоа што отворено го кажува своето мислење, Милица објави:
Може ли да престанеме да правиме ѕвезди од глупави луѓе?“
Милица испрати јасна порака, но не откри на кого мисли
Пејачката не објасни на кого се однесува нејзината објава, ниту наведе конкретен повод за ваквата реакција. Сепак, нејзините зборови отворија дебата за критериумите според кои поединци денес стануваат популарни.
Се наметна прашањето дали за некој да добие статус на јавна личност е доволно да има неколку вирални моменти или, сепак, се потребни квалитет, талент и вистински резултати.
Во текот на кариерата Милица се соочувала со различни коментари од јавноста, а нејзиниот приватен живот често бил тема на медиумските написи. Особено внимание во изминатите месеци предизвикуваа приказните за нејзиниот емотивен живот и мајчинството, откако го роди синот Богдан.
Поврзани објави
И покрај интересот за нејзината приватност, пејачката продолжува со јавните настапи и професионалните обврски, а нејзините изјави редовно предизвикуваат реакции.
По породувањето ослабела 24 килограми
Милица неодамна во емисијата „Stars Show“ откри дека по породувањето ослабела 24 килограми, но дека ѝ остануваат уште неколку килограми до посакуваната тежина.
Ослабев 24 килограми откако се породив! Ми остануваат уште околу осум до десет килограми за да можам да снимам нови спотови“, открила пејачката.
Таа проговори и за здравствениот предизвик со кој се соочува, објаснувајќи дека има проблем со инсулинот и користи терапија за регулирање на неговото ниво.
Имам проблеми со инсулинот. Имам лек со кој се боцкам и така го регулирам инсулинот, а хормоните полека ми се враќаат во нормала“, изјавила Милица во емисијата.
Фото: Printscreen Instagram