Фановите на Евровизија ја избраа пејачката меѓу бројни српски натпреварувачи, а таа убедливо победи во суперфиналето.
Популарната пејачка Милица Павловиќ ќе ја претставува Србија на престижното меѓународно натпреварување OGAE Song Contest 2025. Таа ќе се појави со својот голем хит „Она носи Прада“, кој ја освои публиката уште на самиот старт на летото.
Домаќин на годинашното издание е Италија, благодарение на минатогодишната победа на нивната претставничка Анналиса со песната „Euforia“. Српскиот избор привлекол 48 песни, а композицијата на Милица доби најмногу гласови и убедливо ја надмина конкуренцијата.
Во финалето се најдоа 16 најдобри хитови, меѓу кои и оние на повеќе познати српски натпреварувачи како Ана Николиќ, Девито, Лепа Брена, но публиката ја одбра троjката – Милица Павловиќ, Јована Пајиќ и Теа Таировиќ. Со освоени 39% од гласовите, Милица ја надмина Јована (32%) и Теа (29%).
Правилата на натпреварот наложуваат дека песните мора да бидат нови и без врска со самата Евровизија, а гласањето се спроведува преку OGAE Србија, нивниот Инстаграм профил и форумот „Европесма“. Иако пејачката неодамна изјави дека сѐ уште не планира да се пријави на ПЗЕ, фановите веруваат дека ова искуство може да ја убеди да размисли поинаку.
printskrin Youtube – extra fm milica pavlovic