Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша изјави дека и покрај сите обиди да ја заплашат да се откаже од предновогодишниот настап во Крагуевац, нема да го стори тоа.
Поп дивата Јелена Карлеуша со денови е под притисок, кој е се посилен, поради нејзините ставови кои немилосрдно ги искажува.
Драги луѓе, се обидуваат да ме замолчат, да ме исплашат, да ме спречат да си ја работам работата, само затоа што имам став и мое мислење, што не им се допаѓа! Кои се овие луѓе? Па, претпоставувам тие пет-шест проценти на избори“ – напиша Јелена на својот Инстаграм.
Музичката ѕвезда имаше порака до сите оние кои се надеваат дека ќе се откаже од настапот во Крагуевац.
Поврзани објави
Јас не сум кучка! Па да молчам како другите јавни личности. Отсекогаш сум била и секогаш ќе бидам многу храбра да го презентирам и бранам мојот став. Никој нема право да ми го одземе тоа право. И колку повеќе некој ме напаѓа поради тоа, јас ќе бидам погласна, затоа што тоа е демократија. Велат дека ќе ми се случи нешто лошо во Крагуевац ако дојдам, дека физички ќе ме нападнат, навредуваат и пукаат по мене. Велам дека Крагуевац најмногу ме сака и дека едвај ме чекаат“– одлучна е Јелена.
Таа на крајот од својата објава на социјалните мрежи уште еднаш подвлече дека не се плаши од никого.
Ако треба да се плашам да пеам во мојата земја, во која само добро им правев на сите, тогаш победија лошите момци. Ако умрам, нека биде славно. Во градот каде што многумина беа пукани, а тие одржаа лекција за храброст и правда. Се гледаме во Крагуевац“ – рече музичката ѕвезда.
Фото: printskrin Youtube/Republika TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: