Почетна ЕкономијаМЗ: Медицински симулациски центар – обучен кадар создава капацитети според европски критериуми, знаењето станува искуство

МЗ: Медицински симулациски центар – обучен кадар создава капацитети според европски критериуми, знаењето станува искуство

од nenad
1 минути читај за

Министерството за здравство информира дека со дејствувањето на Медицинскиот симулациски центар, каде што се обучуваат специјализанти, студенти по медицина, екипи на итна медицинска помош, кадар од интензивна нега, гинекологија и неонатологија, се воспоставуваат способности кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди, а каде што подготвеноста на персоналот произлегува од стратешки дефиниран модел на континуирана обука и работа.

Според Министерството, со новите 600 специјализанти и повеќе од 1250 вработувања во здравствените институции во изминатите 45 дена, се планира здравствениот систем според вистинските потреби на населението.

Од Министерството истакнуваат дека симулаторите во МСЦ се врвна технологија, на која можат да се симулираат речиси сите патолошки феномени и состојби на човекот. Тоа е околина каде што знаењето се трансформира во искуство, а искуството станува самодоверба за секој живот кој зависи од здравствениот систем.

“Создаваме капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа. Со нови 600 специјализанти и над 1250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, го проектираме здравството според реалните потреби на граѓаните.”

Министерството за здравство додава дека нивниот пристап е јасен – инвестираат во луѓето и нагласуваат дека оваа визија се реализира преку ефикасното работење на Медицинскиот симулациски центар.

сст/дма/Фото принтскрин .
Извор: МИА