Марина Дојчиновска и хармоникашот Горан Алачки се пример дека најубавите приказни почнуваат тогаш кога не ги очекуваме. Случајна средба, искрен разговор и веднаш откриени сличности – доволни беа за да започне љубов што веќе десет години трае.
Првиот состанок, кој Горан го организирал со вистински манири – со вечера во избран ресторан, на 13 јули – денес е нивен мал празник. „Се пронајдовме еден со друг и тоа чувство не нè напушта,“ вели Марина.
Нивната тајна? Зрелоста и животното искуство. „Кога една врска започнува во зрели години, таа има поинаква стабилност. Можеби токму затоа и опстанавме,“ додаваат тие.
Поврзани објави
“Горан се појави во мојот живот сосема неочекувано… Се придружи на една дружба со другарка ми Лефи, во еден скопски локал.
Се сеќавам дека ние двете многу се смеевме пред да ни се придружи, а потоа убавата енергија продолжи уште неколку часа, заедно со него.
По неколку дена ми се јави да ме покани на вечера, но јас не бев во Скопје… Се видовме кога се вратив.
Повеќе за љубовната приказна на Марина и Горан прочитајте на ЦРНО БЕЛО