Почетна ТехнологијаМеџити ќе распише тендер за КАТО систем на Онкологија до 5 јануари

Меџити ќе распише тендер за КАТО систем на Онкологија до 5 јануари

од nenad
1 минути читај за

Министерот Меџити е оптимист – вели ќе обезбедиме 15 медицински сестри што ќе работат на КАТО, ама дајте ни време.Запрашан што ќе се бара со тендерот што ќе биде објавен до 5 јануари, не беше сигурен и побара време да провери.

   

-До 5 јануари ќе биде распишан тендерот за КАТО системот на Клиниката за онкологија. Потребен е едуциран кадар кој треба квалитетно ефективно да работи. Тој кадар што бил обучен за КАТО на времето веќе не е на Клиниката за онкологија и затоа ние се спремаме. Да бидеме точни, да почне да работи како што треба, да не се соочуваме подоцна со непредвидени последици и работи што не сме ги планирале. Затоа сакаме многу концизно да постапуваме, рече Меџити.На прашањето ќе најдат ли 15 сестри да се обучат за КАТО, Меџити одговори потврдно.

-Ќе најдеме се што треба. Нема кај нас во кабинетот со заменичката нешто што не можеме да го најдеме. Тоа дека ни треба време ни треба, ама нема да отстапиме од ништо. Во секојдневното наше работење гледате дека не е како порано, работите се движат во добар правец, рече министерот за здравство.