Почетна ЕкономијаМеџити: Отворена вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти преку #EULIFE25

Меџити: Отворена вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти преку #EULIFE25

од nenad
1 минути читај за

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес објави дека конкурсите за програмата #EULIFE25 се официјално отворени. Според неговиот кабинет, нашата држава е единствена во регионот што има можност да ги користи овие фондови.

Меџити ги охрабри домашната академска заедница, локалните власти, научните и образовните институции, приватниот сектор и граѓанските организации да ја искористат оваа можност и директно да аплицираат на некој од отворените конкурси, со цел, како што рече, зелените идеи да се претворат во конкретни проекти поддржани од ЕУ! LIFE програмата ги поддржува проектите во четири клучни домени: Заштита на природата и биодиверзитетот; Циркуларна економија; Климатска акција – ублажување и адаптација; Чиста енергија и одржливи извори.

“Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства,” напиша Меџити на социјалните мрежи.

За да учествуваат во програмата, заинтересираните треба да се регистрираат за следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што ќе имаат шанса да добијат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европски експерти.

Повеќе информации за отворените конкурси и инфо деновите се достапни на следниот линк: https://cinea. ec. europa. eu/news-events/news/life-calls-proposals-2025-claim-your-share-eu600-million-and-help-create-sustainable-future-europe-2025-04-24_en .

са/лв/Фото: МЖСПП .