Мерката ќе биде достапна во Европа во наредните месеци, откако прво беше воведена во Обединетото Кралство, САД, Канада и Австралија, рече Мета.
Мета објави збир на нови безбедносни мерки за младите што ги користат нејзините платформи, вклучително и блокирање на преносот во живо за оние помлади од 16 години на Инстаграм, освен ако немаат согласност од родителите. Компанијата за социјални медиуми исто така соопшти дека ги проширува заштитните мерки за корисниците под 18 години на Facebook и Messenger.
Мета ја започна својата програма за тинејџерски профили за Инстаграм во септември за да им даде на родителите поголема контрола врз активностите на нивните деца на интернет, во услови на растечки реакции против тоа како социјалните медиуми влијаат врз животите на младите луѓе, потсетува Euronews.
Најновите промени ќе бидат претставени прво за корисниците во САД, ОК, Канада и Австралија пред да станат достапни за глобалните корисници во наредните месеци.
Според измените, тинејџерите под 16 години се блокирани да користат Instagram Live, освен ако родителите не дадат дозвола. Исто така, им треба дозвола да ја „исклучат нашата функција што ги замаглува сликите што содржат наводна голотија“ во директните пораки, рече Мета во блог пост.
Компанијата соопшти дека најмалку 54 милиони тинејџерски сметки се создадени од почетокот на програмата во септември.