14
10/07/2025 7:55
ЛОКАЛНО, ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Општина Тетово денес ќе потпише Договор за партнерство со ЈУ Национален парк Шар Планина.
На настанот ќе се обратат градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, и Евзал Елмази, вршител на должност директор на Националниот парк Шар Планина.
“Целта на оваа соработка е заедничко зајакнување на институционалните капацитети за заштита на животната средина, одржлив развој и промоција на природниот и туристичкиот потенцијал на подрачјето на Шар Планина,” информираа од Општина Тетово.
хс/лв/Фото: МИА архива