Почетна ЕкономијаМелони предупредува за трговска војна на Западот

Мелони предупредува за трговска војна на Западот

од nenad
1 минути читај за

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изминатата ноќ алармираше за потенцијалот за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави тарифи од 30 проценти за стоките на Европската унија (ЕУ).

„Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, рече Мелони.

Според неа, Европа поседува економска и финансиска сила да ја потврди својата позиција и да оствари правичен и разумен договор. „Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш“, додаде италијанската премиерка.

ЕУ вчера изјави дека го одложува својот одговор во контрамерки за почетокот на август, со надеж дека до тогаш ќе се постигне спогодба. Трамп во саботата соопшти дека производите внесени во САД од ЕУ и Мексико ќе бидат опфатени со давачки од 30 проценти почнувајќи од 1 август.

Италијанската опозиција експресно ја критикуваше премиерката Мелони и нејзината крајно десничарска партија „Фратели д’Италија“, додека водачот на Движењето Пет Ѕвезди, Џузепе Конте, ја обвини дека „ја наведна главата“ пред заканите од Вашингтон.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Брисел во моментов нема да возврати поради американските царини за челик и алуминиум, надевајќи се дека ќе дојде до договор со кој ќе се избегнат царини од 30 проценти за сите извезени производи.