Почетна ЕкономијаМЗ: Специјализиран кадар единствен извршител на медицинска рехабилитација на пациенти со тешки изгореници

МЗ: Специјализиран кадар единствен извршител на медицинска рехабилитација на пациенти со тешки изгореници

од nenad
1 минути читај за

Медицинската рехабилитација, особено за лица со сериозни изгореници и тешки повреди, е строго контролирана здравствена активност која може да ја спроведуваат исклучиво здравствени организации и квалификуван медицински персонал.

Несоодветната физиотерапија, без претходна медицинска евалуација, може да предизвика несакани ефекти врз здравјето на пациентите, а ваквите дејствија се санкционирани согласно Законот за здравствена заштита, предупредуваат од Министерството за здравство.

Министерството исто така посочува дека здравствениот систем има соодветни ресурси и искусен медицински тим, кои се подготвени да одговорат на потребите за итна медицинска помош, рехабилитација и долготрајна физиотерапија.

“Ги повикуваме сите институции и медицински професионалци да продолжат со координирана и стручна работа, со цел да се обезбеди безбедна и квалитетна грижа за повредените”, наведуваат од Министерството.

бд/бак/Фото: МИА архива

Извор: МИА