Контроверзниот новинар Мајк Вулф открива некои пикантерии од животот на Меланија и Доналд Трамп
Новинарот и биографот Мајк Вулф тврди дека Меланија Трамп не го поднесува својот сопруг Доналд Трамп, па затоа се појавува во улогата на прва дама во јавност само кога мора.
Во разговор за австралиската емисија 60 Minutes, Вулф рекол дека директно прашал личност блиска на парат што се случува всушност меѓу Доналд и Меланија. Одговорот бил брутално искрен:
„Во еден момент прашав личност што им е многу блиска: ‘Што се случува?’ Ме погледна како да сум тотален идиот и ми кажа: ‘Таа органски не го поднесува.’“
Вулф не верува во јавната претстава за функционалниот брак што Меланија и Доналд се обидуваат да ја прикажат.
„Тоа се двајца луѓе кои живеат одвоени животи. Сè им е одвоено. Тие не се заедно.“
Според достапните извештаи, за време на вториот мандат на Трамп, Меланија поминала помалку од четири недели во Белата куќа. Наместо тоа, таа исчезнува од јавноста на неколку недели, повлекувајќи се во кулата на Трамп во Менхетен или на имотот во Флорида.
Мајк тврди дека незадоволството на Меланија од Доналд Трамп има долга историја:
Поврзани објави
„Освен фактот што тој има долга историја на врски со други жени, порно ѕвезди и слично, тој едноставно не е добар човек, никого не слуша, се сомневам дека би ја слушал својата сопруга… Треба ли да продолжам?“
И покрај протоколарните должности, Меланија од почетокот на годината се има појавено само на неколку јавни настани: зборуваше против интернет-насилството во март, присуствуваше на велигденското натпреварување во тркалање јајца во Белата куќа и на погребот на папата Франциск во април.
Историчарката и експертка за први дами, Кетрин Џелисон, истакнува:
„Не сме имале прва дама со олку низок профил уште од Бес Труман, а тоа беше пред речиси 80 години.“
Меланија и Доналд Трамп се венчале во 2005 година, а таа следната година станала натурализирана државјанка на САД, со што станала втората прва дама родена надвор од Соединетите Држави.
Сепак, некои експерти не се уверени дека тие двајца навистина се разделени. Анита Мекбрајд, експертка за историја и за улогата на американските први дами, не се возбудува од шпекулациите за развод:
„Мислам дека тоа е брак што функционира за нив. Можеби тоа не е вашата или мојата дефиниција за среќен брак, но тоа е нивната дефиниција.
„Без разлика дали таа е во Њујорк, а тој во Вашингтон или обратно, нивниот живот функционира добро. Затоа, мислам дека секоја приказна за тоа дека се несреќни или разделени се празни зборови. Навистина мислам така.“
Иако службено сè уште се претседателски пар, Доналд и Меланија Трамп повеќе изгледаат како два паралелни света отколку како единствена целина. Додека едниот дел од јавноста верува дека зад затворени врати се води тивок, но конечен развод, другиот инсистира дека станува збор за специфична динамика која функционира само за нив.