Почетна Убавина и здравје(ВИДЕО) Драгана Мирковиќ скока од среќа – а има и добар повод за тоа!

(ВИДЕО) Драгана Мирковиќ скока од среќа – а има и добар повод за тоа!

од nenad
1 минути читај за

Познатата фолк-пејачка Драгана Мирковиќ го одбележа својот 58. роденден во присуство на најблиските.

Драгана одлучи важниот ден да го помине во природа, на планината Насфелд во Австрија, во друштво на семејството. Во хотелот каде што престојуваше, пријателите и членовите на семејството ѝ приредија изненадување со роденденска торта и песна.

Пејачката сподели видео од прославата на својот инстаграм-профил и им се заблагодари на присутните, како и на вработените во хотелот за вниманието. Во описот на видеото напиша дека ако имате такви пријатели, „секој ден ви е роденден“.

Поврзани објави

Многу нејзини колеги и другари од музичката сцена ѝ упатија честитки по повод роденденот. Меѓу оние што ѝ посакаа среќа беа Лепа Брена, Глорија од Бугарија, Шемса Сулјаковиќ, а со видео-честитка се огласи и политичарот Чедомир Јовановиќ.

На овој ден Драгана уште еднаш покажа дека семејството, пријателите и публиката ѝ се најважни, а честитките од обожавателите пристигнаа од различни страни.

Видео и фото: Инстаграм