Скаут Вилис ја посрамила мајка си со шокантен стајлинг
Актерката Скаут Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, отишла на забава во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес, со актерот и моделот Флечер Кауан и го привлекла сето внимание со својата провокативна модна комбинација. Многумина се согласиле дека овој пат претерала.
Меѓутоа, изгледа дека Скаут воопшто не се чувствувала непријатно во кафениот фустан со многу лесен материјал и асиметричен крој.
Длабокиот шлиц кој достигнувал до работ на колкот откривал премногу, па кога познатата наследничка се завртела, се виделе нејзините облини. Под провокативниот фустан се чини дека не носела долна облека. Гордо ги покажала своите извајани нозе, но и многу повеќе од тоа.
Поврзани објави
Скаут Вилис е средната ќерка на Брус Вилис и Деми Мур, а таа тргнала по стапките на своите родители и станала актерка. Позната е по своите улоги во филмовите Bandits (2001), Moonrise Kingdom (2012) и The Scarlet Letter (1995).
Погледнете ги фотографиите од нејзиниот шокантен стајлинг ТУКА.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @scoutlaruewillis