Почетна Убавина и здравјеМајката на Милица Тодоровиќ објави фотографија со внукот (ФОТО) – Убавина и здравје

Мајката на Милица Тодоровиќ објави фотографија со внукот (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката на 3 февруари го роди синот Богдан, а бабата Јасмина сподели нежен момент од нивниот дом

Милица Тодоровиќ на 3 февруари за првпат се оствари во улогата на мајка и на свет донесе здраво момче кое го доби името Богдан. Радосната вест ја израдува јавноста, а пејачката по излегувањето од породилиштето се повлече во својот нов дом во Белград.

Таму ја пречекала нејзината мајка Јасмина, која сега преку социјалните мрежи сподели фотографија со внукот. Емотивниот поглед на бабата и бебето предизвика бројни реакции и честитки од пријатели и обожаватели.

Инаку, Јасмина не можела да присуствува на прославата по повод раѓањето поради операција на слепото црево. Сепак, сега ѝ е најголема поддршка на својата ќерка и ѝ помага во првите денови од мајчинството.

Поврзани објави

Instagram pritnscreen

Да потсетиме, на Милица ѝ се обрати и Александра Пријовиќ, која јавно ѝ упати честитки и зборови на поддршка. Новото животно поглавје за пејачката започна со многу љубов и семејна топлина барем од најблиските.

printskrin youtube – alo milica todorovic