Почетна Убавина и здравјеСе пофали со резултатот од клиниката! – Убавина и здравје

Се пофали со резултатот од клиниката! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Победничката на втората сезона на реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани, повторно се подложи на естетска интервенција.

Пејачката и инфлуенсерка на социјалните мрежи објави фотографија од клиника и откри дека направила „бејби ботокс“, кој, како што објасни, ја затегнува кожата и ги намалува борите.


Поврзани објави

„Затоа кожата ми изгледа посвежо“, напиша Луна во описот на фотографијата, нагласувајќи дека е презадоволна од резултатот.

Оваа нејзина објава предизвика лавина реакции и бројни коментари на интернет.

Луна и претходно јавно зборувала за естетските зафати на кои се решила. Таа има корекција на носот, зголемување на градите и полнење на усните, а во повеќе наврати истакнувала дека не жали за своите одлуки.

„Желба ми беше да ги зголемам градите, тоа го направив и не се покајав. Тоа не беше потреба, туку моја одлука бидејќи верував дека ќе изгледам подобро. На девојките би им препорачала да направат таков чекор само ако се сто отсто сигурни и ако сметаат дека тоа ќе им го зголеми самодовербата“, изјави таа во една од своите претходни изјави.