Почетна ЕкономијаМаск: Се надевам на целосно слободна трговија меѓу САД и Европа во иднина

Маск: Се надевам на целосно слободна трговија меѓу САД и Европа во иднина

од nenad
1 минути читај за

Американскиот милијардер Илон Маск, кој е дел од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, денес ја изрази својата надеж за формирање на област за непречена трговија меѓу Европа и Северна Америка, со цел бизнисите да се одвиваат без давачки.

Маск ја соопшти оваа идеја преку видео врска од Фиренца, обраќајќи се на Конгресот на италијанската партија Лига.

„Европа и САД би требало идеално да еволуираат, според мое мислење, кон ситуација со нула царини, со што ќе се создаде зона на слободна трговија меѓу Европа и Северна Америка“, рече Маск, додавајќи дека САД и Европа би можеле да воспостават многу блиско партнерство.

Тој говореше на собирот на партијата предводена од Матео Салвини, кој е познат како еден од поддржувачите на Маск.

Оваа објава на американскиот мултимилијардер доаѓа само три дена откако Трамп воведе данок од 20 проценти на производите кои се увезуваат во САД од Европската Унија.

зш/фото ЕПА