Почетна ЕкономијаМаск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од „СпејсЕкс“

Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од „СпејсЕкс“

од nenad
1 минути читај за

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие по две акции од неговата компанија за вселенски технологии „СпејсЕкс“.

Маск информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, наведувајќи дека едната акција ќе ја обезбеди компанијата, а другата ќе ја подари лично тој.

„Секое дете во Америка ќе добие две акции на СпејсЕкс: една од компанијата и една од мене лично“, напиша Маск.

Ова не е првпат милијардерот да најави ваква иницијатива. Уште во октомври тој соопшти дека планира во 2027 година да му подари по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во САД.

Новата најава предвидува двојно поголем подарок, односно по две акции за секое дете.

Засега, во објавата не се наведени дополнителни детали за начинот на кој ќе се реализира распределбата, кои деца ќе ги исполнуваат условите и како ќе се управува со акциите во име на малолетниците.

„СпејсЕкс“ е една од најпознатите приватни компании во вселенската индустрија, основана од Маск, со активности во развојот на ракети, вселенски летала и сателитски интернет.