Почетна СветМарта Кос: Западен Балкан нема да остане надвор, неговата иднина е во ЕУ

Марта Кос: Западен Балкан нема да остане надвор, неговата иднина е во ЕУ

од nenad
1 минути читај за

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, изјави дека Европската Унија има за цел да го вклучи целиот Западен Балкан во европското семејство, нагласувајќи дека проширувањето останува еден од стратешките приоритети на Унијата.

Според Кос, постепената интеграција ќе им овозможи на земјите кандидатки да имаат корист од одредени политики и програми на ЕУ и пред целосното членство. Сепак, напредокот ќе зависи од спроведувањето на реформите, владеењето на правото и усогласувањето со стратешките политики на Унијата.

Кос нагласи дека процесот ќе се одвива врз основа на индивидуалните заслуги на секоја земја и дека постепената интеграција не претставува замена за полноправното членство во Европската Унија.

„Еден ден, целиот Западен Балкан ќе биде дел од нашата Европа“, порача европската комесарка, потврдувајќи ја европската перспектива на регионот.


Post Views: 15

Извор : vesnik-ilinden.com

Марта Кос: Западен Балкан нема да остане надвор, неговата иднина е во ЕУ