Почетна Убавина и здравјеМарија Шерифовиќ сподели емотивна сцена од домот (ФОТО) – Убавина и здравје

Марија Шерифовиќ сподели емотивна сцена од домот (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката ја покажа грижата на мајка ѝ Верица за внукот додека таа Новата година ја помина работно

Пејачката Марија Шерифовиќ Новата година ја помина работно, а со своите следбеници сподели топол семеен момент од домот. Таа објави фотографија на која се гледа како нејзината мајка Верица Шерифовиќ го чува внукот Марио, додека пејачката е на настап.

Животот на Марија, како што и самата често истакнува, целосно се променил откако го доби синот Марио. Таа му се посвети максимално, заедно со својата мајка Верица, која ѝ е голема поддршка во секојдневието и грижата за детето.

На фотографијата што ја разнежи јавноста, Верица со насмевка го држи малиот Марио во прегратка, додека тој со едната рака силно ја гушка. Овој нежен момент предизвика бројни емоции и позитивни реакции кај обожавателите на пејачката.

printscreen instagram/serifovic

Поврзани објави

Покрај фотографијата, Марија остави и кратка, но силна порака:

Мои две радости“, напиша таа.

Објавата за кратко време собра илјадници лајкови и коментари, а следбениците ѝ порачаа дека семејната љубов што ја споделува е нешто најубаво што може да се види.

printskrin youtube – k1 tv – serifovic