Почетна Убавина и здравјеМаријана и Росана прославија на различни континенти, но секогаш блиску во срцата! – Убавина и здравје

Маријана и Росана прославија на различни континенти, но секогаш блиску во срцата! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Близначките Маријана Новачевска и Росана Сариќ – Тодоровска го прославија 60. роденден на 14 декември.

Сестрите ја започнаа нивната кариера во далечната 1982 година, со песната „Ти си моја вечна тема“ на музичкиот фестивал во Опатија, Хрватска. Оттогаш, тие испеаја голем број забавни мелодии, меѓу кои и евергринот „Признавам“ од 1988 година.

На почетокот од деведесеттите години, Маријана и нејзиниот сопруг Тоде Новачевски решаваат да се преселат во Австралија, а Росана продолжува со својата соло кариера, како изведувачка на народна музика.


Поврзани објави

Иако живеат на различни континенти, нивната сестринска љубов е нераскинлива. Роденденски, Маријана сподели фотографии од нејзината роденденска прослава на својот фејсбук-профил, но не заборави да објави фотографии од нејзината сестра Росана, која живее во Македонија.

Фото: Фејсбук Принтскрин https://www.facebook.com/photo/?fbid=2916869145157496&set=pcb.2916870645157346