Почетна ЕкономијаМакрон во Гренланд: Европско единство пред Г7

Макрон во Гренланд: Европско единство пред Г7

од nenad
1 минути читај за

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе ја посети територијата на Гренланд во придружба на данската премиерка Мете Фредериксен. Оваа посета претставува израз на поддршка кон автономната територија и е одговор на покажаниот интерес на САД кон овој регион, пренесе ДПА.

Двајцата водачи ќе одржат разговори со премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, за прашања поврзани со безбедноста во Северниот Атлантик и Арктикот. Исто така, ќе дискутираат за економскиот развој, климатските промени и обновливите извори на енергија.

Оваа посета се реализира само неколку часа пред учеството на Макрон на Самитот на Г7 во Алберта, Канада, на кој ќе биде присутен и претседателот Доналд Трамп.

Тензиите ескалираа откако Трамп повторно ја наметна идејата за американско преземање на Гренланд. Данска и Гренланд категорично го отфрлија тоа.