Почетна ЕкономијаЗа утре закажана Третата сесија од проектниот форум во Македонска Каменица

За утре закажана Третата сесија од проектниот форум во Македонска Каменица

од nenad
1 минути читај за

Општина Македонска Каменица, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), утре (10 септември) со почеток во 13:00 часот ќе ја одржи третата сесија на Проектниот форум. Настанот е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, а ќе се реализира во спортската сала зад СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.

Како што информираат од локалната самоуправа, на оваа сесија ќе бидат презентирани четири предлог-проекти од областа на локалниот економски развој, и тоа Музеј на рударството, Уредување на патека на Калиманско Езеро, ЕКО пазар во Македонска Каменица, како и Изградба на училишен кампус.

Целта на сесијата е граѓаните активно да се вклучат во дискусијата. Со нивен придонес ќе се дефинираат проектите кои ќе се доработат во конечни апликации. За финалниот предлог ќе се гласа на претстојната четврта форумска сесија.

За реализација на избраниот приоритетен проект обезбеден е фонд од 30.000 американски долари. Од нив, 15.000 долари се обезбедени преку проектот, а останатите 15.000 долари се кофинансирање од буџетот на Општина Македонска Каменица.

Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија и Министерството за локална самоуправа. Истиот го кофинансира и спроведува УНДП во соработка со националните и локалните партнери.

Од Општината апелираат до граѓаните за масовно учество, нагласувајќи дека нивниот глас е клучен во креирањето на развојните приоритети на Македонска Каменица. вс/вј/

Фото: Општина Македонска Каменица/Извор: МИА