Почетна ЕкономијаМакрон бара договор за буџетот на ЕУ до крајот на годината: Од јануари нема политички простор

Макрон бара договор за буџетот на ЕУ до крајот на годината: Од јануари нема политички простор

од nenad
1 минути читај за

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди лидерите на земјите од Европската Унија дека мора да постигнат договор за седумгодишниот буџет на Унијата до крајот на оваа година, бидејќи после тоа би било политички премногу тешко за Франција да го поддржи, изјавија четворица европски дипломати.

За време на разговорите зад затворени врати, Макрон рече дека нема да има политички мандат да го потпише договорот во периодот непосредно пред претседателските избори во Франција, закажани за април 2027 година, според дипломати запознати со разговорот, пренесува Политико.

„Тој рече дека од јануари нема да има повеќе политички простор“ за постигнување договор, рече еден од дипломатите.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, врши притисок врз лидерите да ги завршат разговорите на самитот во декември, пред изборите во Франција, Италија и Полска во 2027 година дополнително да ги комплицираат преговорите.

Сепак, некои влади и претставници на ЕУ велат дека таков рок е многу тешко да се постигне.