Почетна Убавина и здравјеМакедонското „славејче“ слави важен јубилеј – погледнете како изгледала пред 10 години (ФОТО) – Убавина и здравје

Македонското „славејче“ слави важен јубилеј – погледнете како изгледала пред 10 години (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Од свадбената фотографија до денешната семејна слика помина една деценија, а љубовната приказна на Елена и Марјан продолжува со три сина.

Елена Андоновска има повод за славење – со сопругот Марјан Андоновски одбележуваат 10 години брак. По тој повод, пејачката сподели фотографии од тогаш и денес, а токму свадбената фотографија привлече најмногу внимание.

Пред десет години Елена блескаше како невеста, а денес зад нив стои едно цело семејство и многу заеднички спомени.

10. Толку многу зад нас, а ние сè уште на прагот“, напиша таа.

Нивната љубов е збогатена со трите сина – Јосиф, Андреј и Лазар, кои се најубавиот дел од нивната семејна приказна.


Поврзани објави

Елена, која публиката ја препознава по својот ангелски глас и љубовта кон македонската изворна музика, и понатаму е активна како дел од „Танец“.

А старата фотографија само потсетува колку брзо минуваат годините – но и дека некои љубови со времето стануваат уште поубави.

printskrin Facebook – elena andonovska