Синоќа се одржа настан на престижниот магазин „Џи-кју“, каде што се појавиле ѕвезди од светот на глумата, уметноста, културата и модата
Актерката Никол Кидман ги воодушевила сите со својот изглед на настанот организиран од страна на магазинот „Џи-кју“ за маж на годината.
Никол носела прекрасен црвен ролка-фустан што неодоливо потсетува на Божиќ и е идеален за некоја свечена прослава по повод празниците во декември.
Нејзиниот фустан однапред изгледал обично, но кога се свртела, го покажала детаљот што отскокнувал и ги истакнал нејзините најдобри страни.
Заднината на фустанот била на врзување, што ѝ дало дополнителна доза на гламур, автентичност и моден вкус.
Поврзани објави
Нејзината фризура се состоела од препознатливите руси перчиња во бранови, а шминката била суптилна, но елегантна, особено руменилото што било совршено нанесено на нејзиното природно бело лице.
Настанот на магазинот „Џи-кју“ за маж на годината претставува важна годишна свеченост кога овој престижен машки магазин одбира личности од светот на познатите, од уметноста и културата, кои оствариле значајни достигнувања во својата бранша.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nicolekidman