Почетна МакедонијаКога песната ги поврзува луѓето – Албанци ја пеат „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)

Кога песната ги поврзува луѓето – Албанци ја пеат „Лихнида кајче веслаше“ (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за

Музиката не познава граници, јазици и поделби. Таа ги поврзува луѓето и ги чува спомените на едно поднебје. Во музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочени, Општина Пустец, албанската музичка група „Носталгија“ од Подградец, под уметничкото раководство на Јован Шуке, ја изведе една од најпознатите македонски народни песни – „Лихнида кајче веслаше“.

Иако членовите на групата се Албанци од Подградец, тие со голема љубов и почит ја негуваат македонската народна песна. Во нивниот богат репертоар се застапени бројни македонски народни песни, кои ги изведуваат пред својата публика. Ова е прекрасен пример дека културата не разделува – културата зближува.

Дека песната може да биде мост меѓу заедниците и сведоштво за заедничкото културно богатство на Преспа. „Лихнида кајче веслаше“ повторно заплови – овојпат преку гласовите на Албанци од Подградец, во Мала Преспа.


Post Views: 116