Почетна ПопуларноМакедонецот е хит во Русија: Рекордна 19-та победа по ред за неговата ЦСКА Москва

Македонецот е хит во Русија: Рекордна 19-та победа по ред за неговата ЦСКА Москва

од nenad
1 минути читај за

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ со славната ЦСКА Москва се незапирливи во ВТБ-лигата, па против Енисеј со триумфот од109-81 дојдоа до рекордната 19-та победа по ред во сезонава.

Македонецот со „армејците“ го надминаа московски Химки од сезоната 2013/14 кој го држеше досегашниот рекорд од 18 победи по ред и во минатата рунда го израмнија, па сега го надминаа запишувајќи се во историјата на ВТБ-лигата.

„Морам да му честитам на Енисеј за добриот меч особено во првиот дел, па во вториот моравме да вложиме поголем труд за да победиме. Ова беше прв меч после подолга пауза, беше малку тешко и сега најважно е да се вратиме во вистинскиот ритам кој ќе ни биде потребен за следните мечеви“, рече Рајковиќ.

Следен меч на ЦСКА е дуелот на 10 јануари против Нижни Новогород.

Инспирирано од: infomax.mk