По повод Светскиот ден на учителите, Министерството за образование и наука денес започнува национална иницијатива под името „Магијата е во знаењето“. Целта на оваа кампања е да се зголеми свеста на јавноста за клучната улога на знаењето и незаменливиот придонес на професорите во заедницата.
Стартот на кампањата ќе биде означен со панел дискусија, која ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Скопје, со почеток во 10 часот. На дискусијата ќе се обработуваат теми како институционалниот приод кон образованието, положбата на наставниците, нивните тешкотии и потреби, како и начините на кои општеството го цени нивниот труд и влијание.
Според информациите од МОН, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, ќе го отвори настанот. Во дискусијата ќе земат учество и Лесли Милер, претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Билјана Камчевска, деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и претставници од академската и наставничката фела.
„Во рамки на настанот, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветните работници на Македонија ќе ги доделат и признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година, како чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници“, известија од МОН.