Никол Кидман моментално е најактивната актерка во Холивуд
Никол Кидман има 57 години и не ни помислува да се пензионира. Моментално таа е најангажираната актерка во Холивуд и прави сè што може за да ѝ ги продаде своите филмови и серии на публиката.
И навистина, тоа ѝ успева! Но како? Таа е дел од Холивуд уште од нејзините рани 20-ти, па добро е запознаена со сите замки на филмската индустрија. Сега конечно е доволно зрела и искусна за да може самата да ги одредува правилата на игра.
За да ја продаде својата серија, таа прво се „скара“ со актерката Салма Хаек. Медиумите со денови пишуваа за нивната расправија пред камерите и додека тие беа во центарот на вниманието, серијата се гледаше.
Потоа, на сцената ја изнесе својата ќерка Сандеј Роуз, која дебитира како манекенка. Сите се изненадија од тоа колку брзо пораснала ќерката на Никол, но не беа воодушевени од нејзиното намуртено лице.
Пред некое време, Никол раскажа дека морала да го прекине снимањето на филмот Babygirl, бидејќи не можела да поднесе да доживее уште еден оргазам со колегата. Оваа вест со сигурност ќе ги натера гледачите да побрзаат во киносалите и да ја видат таа сцена.
Поврзани објави
А сега на црвениот килим се појавила без градник и ја покажала својата балеринска става, затегнат грб и извајани раце.
Поради многуте нејзини ангажмани, многумина го занемаруваат фактот дека Никол пред неколку недели останала без мајка, па можеби со новите проекти се обидува да ја излечи тагата, бидејќи се вели дека „староста започнува во оној момент кога умира мајката“.
Останува да видиме како Никол ќе продолжи понатаму со своите проекти.
ФОТО: Инстаграм