Почетна Убавина и здравје„Луѓето знаат кого да сакаат“ – Убавина и здравје

„Луѓето знаат кого да сакаат“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Музичката дива Јелена Карлеуша во ексклузивното интервју зборуваше за нејзината успешна летна турнеја, но го откри и датумот на нејзиниот голем концерт во белградско Ушче…

Имавте успешна летна турнеја низ Србија и регионот, дали е така?“ – гласеше првото прашње кое го доби Јелена Карелуша.

Летово одржав серија огромни концерти низ Србија и регионот, кога ги срушивме сите рекорди на посетеност, но она што е многу поважно од тие бројки е што не морав ниту да ги пеам моите песни. Од првиот до последниот стих публиката беше погласна од озвучувањето. Таа еуфорија, тоа скандирање, тоа пеење од збор до збор ме шокираше и затоа срцето ми е полно. Вистинската вистина се гледа на теренот и народот покажува кого вистински сака. Никој не може да ја натера толпата да дојде во огромен број и еуфорично да ги пее сите песни, дури и кога станува збор за бесплатен концерт на плоштад. Зборувам за луѓе кои велат дека е лесно да се пее на бесплатни концерти. Напротив, ако луѓето не те сакаат, нема да дојдат, дури и да е бесплатно“ – објасни Карелеуша.

Меѓу другото одговори и на прашањето, кога ќе се одржи големиот концерт во Белград?


Поврзани објави

Моите планови се како и секогаш мегаломански. Турнејата „Алфа“ и „Омега“ ја започнав со концерт во Скопје, за кој зборувавме на долго и на широко. Наскоро, за неколку месеци, влегуваме во триесетгодишнината од мојата кариера. Сега ексклузивно ќе го најавам, на 30.08.2025 година, мојот голем концерт на белградско Ушче“ – прецизно рече Јелена.

Фото: printskrin Youtube/Informer
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: