Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера допатува во работна посета на Русија, а денеска треба да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Белорускиот претседател синоќа на аеродромот го пречека гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко, соопшти прес-службата на гувернерот и регионалната влада на каналот Телеграм, пренесува ТАСС.
Во разговор со новинарите, Лукашенко претходно најави средба со Путин и разговори за бројни прашања.
Традиционално, зборуваме за широк опсег најважни и основни теми за билатералните односи меѓу Белорусија и Русија: безбедност, меѓународна агенда, економска соработка, програми на Унијата, заеднички напори за сузбивање на нелегитимниот притисок и многу повеќе, изјави Лукашенко.