88
Стефанова беше дел од тимот на сега веќе расформираното Специјално јавно обвинителство. До пред изборот во Републичкото, работеше во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе остане запаметена по тоа што се спогоди со екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков за конфискација на неговиот имот.
Стефанова е позната и по тоа што работеше на високо профилирани случаи кои произлегоа од прислушуваните разговори, како што беа „Империја“ и „Плацеви на Водно“. Овие два предмети завршија со осудителни пресуди.Таа е обвинител и во предметите „Титаник“,„Траекторија“, „Маџар Телеком“.