Во септември 2022 година, Полска заедно со другите балтички земји – Естонија, Летонија и Литванија постигнаа заеднички договор за ограничување на бројот на руски државјани кои влегуваат во нивните земји за да се спречат евентуални безбедносни ризици по почетокот на војната во Украина.Летонија, членка на ЕУ и НАТО што се граничи со Русија, е дом на значителен број припадници на етничкото руско малцинство, кое сочинува околу 25 отсто од вкупното население на земјата од 1,9 милиони жители. Балтичката земја порано беше популарно место за одмор, а нејзиниот главен град Рига, популарна викенд дестинација за руските туристи.
Летонија ја продолжи забраната за влез на руски туристи до март 2025 година
96
Во соопштението за печатот од кабинетот на премиерката Евика Силина, се наведува дека влезот на руски државјани во Европската Унија и Летонија како туристи ќе биде забранет до понатамошно известување, но на некои Руси ќе им биде дозволен влез, вклучително и оние со дозвола за престој, важечка во Летонија или во друга земја-членка на ЕУ или Руси чиј влез е поврзан со хуманитарни причини како што се политички неистомисленици.