Лубеницата може да биде многу корисна храна за време на бременоста, бидејќи е слатка, лесно сварлива, хидратантна и добар извор на фитонутриенти.
Колку е безбедно да се јаде лубеница секој ден?
Новинарката Шарлот Хилтон Андерсен за The Healthy рекла што и се случило кога една недела јадела лубеница секој ден. Андерсен одлучила да јаде лубеница за време на бременоста и изјавила дека се чувствувала хидрирано додека ја јадела.
Диететичарката Џесика Плоуман нагласува дека јадењето лубеница секој ден во повеќето случаи е сосема во ред, но некои луѓе сепак треба да го прескокнат.
„Важно е да се нагласи дека вашата исхрана треба да биде урамнотежена, затоа погрижете се да јадете многу овошје и зеленчук секој ден. Ако јадете само лубеница, тоа може да доведе до некои проблеми“, истакнува Плоуман.
Ако имате чести главоболки, би било паметно да јадете лубеница умерено, вели таа.
Имено, лубеницата содржи значително количество тирамин, кој е аминокиселина која влијае на крвниот притисок. Ова значи дека лубеницата може да игра улога во предизвикувањето напади на мигрена.
Дијабетичарите треба да внимаваат и на содржината на шеќер во лубеницата. „Дијабетичарите или другите луѓе кои имаат потешкотии да го регулираат шеќерот во крвта треба да ја намалат или избегнуваат лубеницата, бидејќи може да предизвика скокови на шеќерот во крвта“, предупредува Плоуман.
Текстот продолжува на следната страна