По повод одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 79 години од првото заседание на АСНОМ, висока партиска делегација на #Левица – составена од членот на Президиумот, Гораст Муратовски и членовите на Централниот Комитет, Мери Георгиевска и Игор Смилев, положи цвеќе пред споменикот „Сила, слава и победа”, дело на познатиот македонски вајар, Јордан Грабулоски – Грабул.
Делегацијата на Левица ја напушти владината церемонија и не присуствуваше на говорот на октроираниот премиер. За време на владеењето на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија како никогаш досега, се соочи со целосна рехабилитација на бугарскиот врховизам и ништење на АСНОМ-ските темели преку предавничките договори со Бугарија и Грција.
Овие неоврховистички и необалистички елементи на власт, кои целосно ја доведоа Македонија во потчинетост пред соседните шовинизми, немаат никаков легитимитет да говорат за асномските и илинденски идеали за слобода, непокор и независност.
Македонскиот народ, иако во минатото многу пати бил поробен, тој никогаш не бил покорен.
Во македонската колективна меморија тлее искрата на непокор и самопожртвуваност за слобода и независност на Републиката, која ќе ги преброди и овие привремени колаборатори и повторно гордо ќе се возобнови. Во нас и нашите идеали е зачуван духот на АСНОМ, кој не смее да биде само сон – АСНОМ живее!
.