Почетна Вести(ВИДЕО) Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица

(ВИДЕО) Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР исфрли 36 тони вода при гасење на пожарот кај велешка Отовица

од nenad
0 минути читај за

Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и денеска (02.08.2023) беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица, којшто беше пријавен дека настанал во 13.40 часот на автопатот Велес-Скопје, поточно меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица “Отовица”. Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.